Радио Милева
заљубена?

Неда Украден има момче? Пејачката се огласи и откри дали е во емотивна врска: „Тој е многу симпатичен и драг човек“

Неда Украден има момче? Пејачката се огласи и откри дали е во емотивна врска: „Тој е многу симпатичен и драг човек“

Неда Украден има момче, пишуваат српските медиуми.

Како што пишува курир.рс, момчето на Неда е кошаркарската легенда Зоран Мока Славниќ со кој во последно време многу се зближила.

Неда неодамна гостуваше во една емисија на телевизија каде што откри дека за неа совршен тип на маж е оној кој е шармантан, оброзавен и забаван човек. По ова изјава, наводно Мока и се јавил на Неда, а пејачката била воодушевена.

Нивното запознавање се случило на почетокот на јуни. Украден го поканила на промоција на нејзиниот нов албум. Славниќ ја испочитувал пејачката и се појавил на промоцијата и отогаш започнале шпекулации дека има нешто меѓу нив. Двајцата биле видено како уживаат во белградски ресторани.

Славениќ четири месеци не живее со сопругата, а Неда е слободна жена. Наводно тие не сакат јавно да зборуваат за нивниот однос.

По овој повод се огласи Зоран и не сакал да ги коментира пишувања за неговиот приватен живот.

-Нема врска со емотивниот живот. Неда ме покани на промоцијата и тука завршува нашиот контакт. Ова изјава да давам поради Неда да не и биде нарушен емотивниот статус, изјавил Славениќ.

Неда исто така се огласи по повод овие пишувања.

-Со почит кон некогашната кошаркарска легенда, господинот Славениќ може да кажам дека ние не сме во врска, а можеби вие нешто предвидувате за Нова година. Тој е многу симпатичен и драг човек, претпоставувам и јас на него. Тоа е се што можам да ви кажам, изјавила Неда.

фото: Петар Ѓорѓевиќ/ата имагес/инстаграм/неда украден

Останати вести од Радио Милева