Радио Милева
неочекувано

Не соработувала со Цеца: Лана воодушеви со нејзините кавери на „Јутуб“, а сега го разочара жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Не соработувала со Цеца: Лана  воодушеви со нејзините кавери на „Јутуб“, а сега го разочара жирито во „Ѕвездите на Гранд“

Талентираната Лана Вукчевиќ (15) публиката ја познава по снимњето на кавер видеа на „Јутуб“.

Таа сега учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“ и во првиот круг го освои жирито со својот талент, но и одлична изведба. Лана за свој ментор ја одбра Цеца Ражнатовиќ со кој требаше да соработува и да ја подготви за следното нејзино претставување.

Лана во саботата се појави во вториот круг на музичкото шоу, но доби само два гласа и го разочара жирито.

-Овде се случи нешто неочекувано, а јас би кажала дека потполно е очекувано. Имаме девојче кое има 15 години. Прво, мислам дека за неа се уште е рано и не е подготвена за ова натпреварување, не дека не знае да пее, туку моментално нејзинота психичко – физичка состојба не е подготвена за „Ѕвездите на Гранд“. Не знам длаи работела со Цеца, дали доаѓаше на проби, ми изгледа како да не е доволно подготвена, а и не ми се допаѓа репертоарот, изјави Шерифовиќ

Цеца која е менторка на Лана објасни што се случило и дали Лана соработувала со неа.

-Јас еднаш ја видов Лана и тоа веднаш по првиот круг, немав прилика да работам со неа. Мислам дека има огромен потенцијал, но не знам од каде таа одлука, но мислам дека треба да работи со менторот бидејќи ние стоиме зад нив. Од Лана добив само видео снимки, но јас преку видео не можам да ги корегирам нејзините грешки, вели Ражнатовиќ.

Лана на крајот откри дека наместо со менторката работела со нејзиниот татко.

-Тоа е проблемот, твојот татко ти посакува се најдобро, но не може да биде објективен бидејќи се води по срцето, изјави Шерифовиќ.

Младата талентирана кандидатка испадна од музичкото шоу, а жирито и порача да се врати за некоја година.

фото: З. К Муња/ гранд онлајн/принтскрин/јутуб

Останати вести од Радио Милева