Љубов и Секс

Не постои шанса да ги разочараат своите партнери: Луѓето со оваа крвна група важат за најдобри љубовници

Не постои шанса да ги разочараат своите партнери: Луѓето со оваа крвна група важат за најдобри љубовници

Експертите сметаат дека луѓето со оваа крвна група биле и првите луѓе на светот.

Луѓето со крвна група нулта уживаат во сè што прават во кревет и можат да водат љубов со часови.

Тие се великодушни сексуални партнери на кои задоволството кај нивниот партнер им е исклучително важно. Понекогаш себеси ќе си го скратат задоволството само за другата страна да ужива што повеќе.

Инаку, крвната група нулта не само што е најчеста меѓу популацијата, туку историски е докажано и дека е најстара – експертите и историчарите истакнуваат дека носителите на ова а крвна група всушност биле и првите луѓе на светот.

Кога ќе се вратиме на сексуалното задоволство кое го даваат, може да се каже дека тој дел од популацијата се смета за оној кој најмногу се снаоѓа во ситуации каде се потребни логичко размислување и заклучоци, но и дека овие луѓе се најамбициозни, пренесува магазинот „Nature and society“.

Луѓето со крвна група нулта по природа се оптимисти, одговорни и свесни. Сепак, тие имаат и свои слаби точки, а тоа се стресот и здодевноста. Тоа понекогаш ги води до деструктивно однесување, а адреналинот е тој поради кој се чувствуваат живи, поради него се активни и полни со позитивна енергија.

Мажите со крвна група А, Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси за развој на еректилна дисфункција во некој период од животот, тврдат научниците од Универзитетот Орд во Турција.

Тие исто така истакнуваат и дека мажите со крвна група нулта се вистински среќници поради тоа што кај нив постои најмала шанса да ги разочараат своите партнери во сексуалниот однос.

извор: курир.мк