Радио Милева
не е од „новите генерации“

„Не паѓа ми на памет да гледам како ги “напрчила“ усните и го покажува з*дникот“: Харис Џиновиќ проговори за неговата ќерка и нејзините провокативни фотографии

„Не паѓа ми на памет да гледам како ги “напрчила“ усните и го покажува з*дникот“: Харис Џиновиќ проговори за неговата ќерка и нејзините провокативни фотографии

Ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ е активна на социјалните мрежи каде што има голем број на следбеници.

Нејзиниот татко, пејачот Харис Џиновиќ откри дали ја следи ќерката на социјалните мрежи и што мисли за реалните шоуа.

„Можам да кажам дека ова ново време е глупо. Овие младите генарации прват се, освен тоа што треба. И денес обврските на човекот се исти како пред 3000 години, да јаде, да спие, да работи. Ова денес мене се ми изгледа како забава, тоа е најверојатно е така затоа што родителите ти се „под глава“, ти можеш да правиш што сакаш бидејќи се друго ти е егзестенцијално обезбедено. Нема да им падне на памет “Тик ток“, ако имаат работи кои треба да ги прават. Треба да станат во 5часот и да работат смена. Денес, ова јас не го признавам“, вели пејачот.

Тој додава дека го навредува кога велат – „тоа се нови генерации“.

„Па и јас бев нова генерација за некој, па не испаѓав од шините. Бев во правецот. За се изборив сам и тоа беше нормално. Сега мобилниот телефон е главна работа во смислата на едукацијата. Еве ја, седи кај мене во собата и по цел ден не излегува да види што правиме. Разбирам дека постарите родители не се интересни, така беше и кај нас. Меѓутоа, има и други работи, не можеш 24ч да бидеш на телефон, да се фотографираш, да објавуваш на Инстаграм. Ако тоа е главна преокупација, јас тогаш не сум паметен“, вели музичарот.

На прашањето дали ја следи неговата ќерка на социјалните мрежи, тој вели:

„Не ја следам и не ми паѓа на памет да ја следам. Да ја следам како ги „напрчила“ усните и го покажа задникот, па тоа да е главна тема. Тоа не можам, ми ја навредува интелефенцијата. Или да гледам „Задруга“, „Парови“… не можам да ги допуштам тоа на себе“; заклучува Харис.

фото: снежана крстиќ/рас србија/ата имагес/ дамир дервишагиќ/инстаграм

Останати вести од Радио Милева