Голем број на тренери не советуваат често мерење на вага, туку да го споредуваме својот одраз во огледало со тоа што сме го виделе пред да почнеме со вежбање.
Салото е полесно од мускулите, па ако сте се фрлиле на озбилен тренинг и согорите салото, не е ни чудо што панталоните ви паѓаат. Но, скалата на вага стои во место иако вие сте ослабеле. Дали е тоа можно?
Да. Повеќето тренери советуваат да се мерите со кројачко метро или да се фотографирате пред огледало од време на време како би ги прателе резултатите од тренинзите. Можно е да изгубите многу во обем и целосно да го трансформирате својот изглед, а овие девојки се доказ дека тоа е можно.
извор:сител.мк
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.