Радио Милева
„Медицинските работници се нашите херои!“

„Не можев да станам до тоалет“: Елена Петреска сними видео каде во детали го сподели своето искуство со коронавирусот (видео)

„Не можев да станам до тоалет“: Елена Петреска сними видео каде во детали го сподели своето искуство со коронавирусот (видео)
фото:елена петреска/инстаграм принтскрин

Со тивок глас, задишана и очигледно се уште без енергија, пејачката Елена Петреска од домашна рехабилитација од коронавирус реши да сними видео и во детали да раскаже и да го сподели своето искуство со Ковид-19.

Таа неодамна на својот Инстаграм сподели дека 15 дена била на Инфективната клиника во Скопје каде се лечеше од вирусот.

Во своето видео обраќање најмногу сакаше да им се заблагодари на лекарите и останатиот медицинскиот персонал кои се грижеа да закрепне и за нивната пожртвуваност кон сите пациенти кои се соочуваат со истото.

Елена вели дека вирусот кај неа најпрвин се манифестирал со симптоми за кои не верувала дека се знак за корона, но подоцна кога слушнала дека некои колеги на работа се позитивни, веднаш решила да се тестира, а резултатот се покажал позитивнен по што почнале и посериозните симптоми.

„Постојано бев истоштена од што имав силна кашлица. Совет на докторката веднаш беше дека е најдобро да останам на клиниката и да бидам под докторски надзор во болница. Тоа што многу кашлав беше еден од поголемите и пострашни моменти за мене, а медицинскиот персонал се грижеа одлично за мене како за останатите пациенти.Она што видов таму е доста стресно, иако не сакам да ширам паника и да пренесувам стресови, бидејќи сметам дека сите не вознемирува, а дополнителни стресови избегнувам. Но со ова видео сакам да ја покренам свеста особено за оние што не веруваат дека вирусот постои, па дури и ми пишуваа дека коронавирус нема, тоа е лага. Некои луѓе што се борат со ковид се борат за живот и доктори кои немаат друг живот освен оној на клиника. Луѓето кои имаат потешка форма на Ковид-19 се борат во една агонија, а мене се’ уште ми треба време да се опоравам од тие слики, затоа сакам само да кажам дека сите оние што не веруваат дека треба да се пазиме и да бидеме одговорни-грешат, како и да раскажам за луѓето што 24 часа доживуваат стресови таму“, ракажува Елена.

За крај сакаше уште еднаш да искакне дека медицинските работници се нашите херои кои треба да ги штитиме со тоа ќе се пазиме со почитување на мерките и ќе внимаме во секоја прилика. Благодарна и среќна е што сега е дома со своето семејство.

Во продолжение погледнете го целосното видео кое Елена Петрека го постави на својот профил на Инстaграм:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Petreska (@elena__petreska)

Останати вести од Радио Милева