Пејачката Цеца Ражнатовиќ сподели со своите следбеници моменти од луксузниот дом во српската престолнина, а за Божиќ очигледно не се разделува од внукот Жељко, кого го доби пред нешто повеќе од седум месеци.
Цеца цело време се смешкаше додека бебето си играше покрај неа, а оваа сцена ги разнежни сите нејзини следбеници на социјалните мрежи.

фото:цеца ражнатовиќ/инстаграм принтскрин
Таа повеќепати укажуваше на тоа колку е среќна што нејзиниот син Вељко доби наследник, а секој момент го користи да го покаже тоа.

фото:цеца ражнатовиќ/инстаграм принтскрин
Пред да се породи Богдана, Цеца не сакаше да и викаат баба, но сега е растопена со силни емоции кон внукот, така што оваа титула и тоа како и годи.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.