Живот и Стил

Не е само во Грција – еве каде се појави опасна медуза, Македонци внимавајте ова лето!

Не е само во Грција – еве каде се појави опасна медуза, Македонци внимавајте ова лето!

Во Јадранското Море се појави нов вид медуза, велат од Центарот за истражување на морето во Ровињ.

На северот на Јадранот се појавила таканаречената компас медуза, која е квалификувана како „Chrysaora hysoscella“.

Од Центарот наведуваат дека овој вид медуза живее во Атлантскиот Океан и во Медитеранското Море, а се карактеризира со жолто-кафеав меур, кој потсетува на компас.

Оваа медуза може да порасне до 30 сантиметри во пречник, а пипалата ѝ се долги и до 1 метар.