Живот и Стил

Внатрешните дизајнери едногласни: Ова се најатрактивните нијанси на бои за уредување на домот пролетва

Внатрешните дизајнери едногласни: Ова се најатрактивните нијанси на бои за уредување на домот пролетва

Доколку размислувате за промени во ентериерот и нови бои, вие сте на вистинското место.

Одредени нијанси на бои на вашиот дом ќе му дадат вистинска свежина и пролетна атмосфера. Еве кои нијанси се идеални, според внатрешните дизајнери.

Топли бои со неутрални нијанси
Ешли Колум, експерт за бои, вели дека се очекува пораст на примената на боите од топлите палети.

„Баш како нијансите на расцветаните пролетни цвеќиња, сезонава ќе гледаме нежни бои во неутрални нијанси. Лесно можат да се вклопат со неутралните елементи кои веројатно веќе се во вашиот дом, особено природните елементи од дрво“, вели тој за „The Spruce“. Пастелните бои се идеални затоа што функционираат како неутрални.

Било која нијанса на боја од природата
Инспирацијата можеме да ја наjдеме во природата. Свртете се наоколу и пронајдете ја совршената боја која се наоѓа во вашата градина. Нијансата на розова, жолта и зелена секогаш се добри за основа, но исто така и сината.

Со зелената нема грешка
Зелената боја е совршена за секое годишно време, а особено за пролетната сезона.

„Зелената е боја на сезоната – но и на годината! Најдобриот дел е тоа што таа е безвременска, така што нема да мора да се грижите дали наскоро ќе мора повторно да го обновувате ентериерот. Нијансите на зелена боја секогаш се во прв план“, вели Колум.

Stylish interior of living room with comfortable sofa

Пастелни за аксесоари
Доколку не сте целосно подготвени за бојадисување во пастелни нијанси, убавиот цветен аранжман или пак некој детаљ во таква боја, одлично ќе се вклопи.

Изберете чинија, саксија или перничиња во омилената пастелна нијанса на боја и – нема да погрешите.

извор;точка.ком.мк