Вистаграм

„National Geographic“: Една земја од поранешна Југославија се најде меѓу 25-те дестинации кои треба да ги посетите во 2023 година

„National Geographic“: Една земја од поранешна Југославија се најде меѓу 25-те дестинации кои треба да ги посетите во 2023 година

Американското списание „National Geographic“ објави листа од 25 дестинации кои треба да ги посетите во 2023 година, па можеби ќе најдете инспирација за наредното патување токму во овој текст.

Никогаш не е премногу рано да се почне со планирање на големо патување наредната година.

Комплетната листа на „National Geographic“ е поделена во пет категории, а ние се надеваме дека 2023 година без оглед на големата инфлација и глобалната криза сепак ќе биде добра година за патувања и само ќе продолжи растот којшто е забележан во тековната година.

Листата е поделена во пет категории, а на неа се најде и една земја од поранешна Југославија.

Култура – места каде владее историјата

1. Аписки пат (Италија)

2. Пусан (Јужна Кореја)

3. Пештерите Лонгмен (Кина)

4. Египет

5. Чарлстон (Јужна Каролина)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by priscilla corti (@prisciinwonderland)

Природа – истражување на дивината, прекрасните предели

1. Шкотска

2. Боцвана

3. Словенија

4. Национален парк Биг Бенд (Тексас)

5. Азорските острови

„National Geographic“ ја опишува Словенија како долгогодишен лидер во одржлив туризам којашто има прекрасни велосипедски патеки, но и каде што може да уживате во посета на лозја, места каде се прави и препродава сирење и други производи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slovenia (@slovenia)

Авантура – адреналински екскурзии на отворено

1. Нов Зеланд

2. Choquequirao, Перу

3. Јута

4. Австриски Алпи

5. Национален парк Revillagigedo, Мексико

Заедница – дестинации на еко и одржлив туризам

1. Додеканез, Грција

2. Милвоки, Висконсин

3. Алберта, Канада

4. Лаос

5. Гана

Семејство – инспиративни места за сите возрасти

1. Тринидад и Тобаго

2. Железница Сан Франциско, Калифорнија

3. Колумбија

4. Манчестер, Велика Британија

5. Швајцарија

Извор: Точка.мк