Радио Милева
5 незгодни прашања за старлетата

Наташа Шавија им вети орално задоволство на фудбалерите на Србија: „Моите орлиња пораснаа, сега се подготвени орли за мене“

Наташа Шавија им вети орално задоволство на фудбалерите на Србија: „Моите орлиња пораснаа, сега се подготвени орли за мене“

Наташа Шавија своевремено ја мотивираше младата репрезентација која го освои Светското првенство во Нов Зеланд нудејќи им орално да ги задоволи доколку и Бразил го победат во финалето, што и го направија. Сепак, Шавија не остана на зборот! Сега сталетата вели дека чекала малку да пораснат!

„Секогаш сум со српските фудбалери и сакам да победат! Моите „орлиња“ станаа „орли“ и навивам за нив. Ако се покажат добро на Светското првенство, ќе им дадам бесплатно членство на мојот профил за возрасни „Онли фанс“ за еден месец. Ќе можат да ги гледаат моите секси фотографии и да уживаат“ – вели атрактивната старлета и додава дека им подготвува посебно изненадување:

„Со задоволство ќе им изведам стриптиз, но само за нивните очи“!

Наташа признава дека особено ѝ западнал в око еден српски репрезентативец:

„Меѓу нашите фудбалери има многу згодни момци. Душан Влаховиќ е многу убав, но не е мој тип. Ми се допаѓа голманот Вања Милинковиќ-Савиќ! Тој е најдобриот фраер досега! Тој има пеколен изглед кој страшно ме привлекува, како и сини очи и руса коса. Сакам русокоси мажи! Но, тој негов дрзок и „еба*ки“  поглед ме освои! нему ќе му дадам една година бесплатно членство на мојата „Онли фанс“. Ќе се обидам да стапам во контакт со него, но не брзам“.

На прашањето дали би сакала да одведе згоден фудбалер во кревет, Наташа одговара:

„Не би била со него ниту на една вечер, туку во врска! Можам да имам секс во секое време, со секого, но не сакам. Кога ми се допаѓа маж, целта не ми е да спијам со него, туку да го освојам и да бидеме заедно“ – вели старлетата која дополнително одговори на пет незгодни прашања.

Дали фудбалерот треба да биде брз?

Треба! Иако, не сакам набрзина. Понекогаш треба да се оди полека.

Кога му даваш црвен картон на маж во кревет?

„Кога нема енергија! Позата не е важна, може да биде досадна, како мисионерска, но мора да има енергија и хемија.

Дали старлетите бркаат фудбалери за пари?

„Кога првпат почнав да излегувам, со мажи, ме привлекуваа парите и популарноста. Фудбалерите возат скапи коли, се облекуваат убаво… Сега заработувам доволно и не барам маж со пари“.

Дали денешните мажи можат да постигнат гол?

„Како кој! На пример, кога станува збор за додворување, тие имаат комплекс со мене. Се плашат од мене затоа што сум добра риба и имам пари“.

Дали фудбалерите се додворуваат на старлети?

„Да. Ми се јавуваат, ми пишуваат на Инстаграм, но нема да ги откријам нивните имиња. Не сакам да бидам како Маца – Дискреција“!

Фото: Инстаграм принтскрин/natasa.savija

Останати вести од Радио Милева