Промотер

Наташа Миха до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот во музичка трансформација како – „Мерилин Монро“ (ВИДЕО)

Наташа Миха  до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот во музичка трансформација како – „Мерилин Монро“ (ВИДЕО)

Наташа Миха неодамна издаде нова песна со наслов „Мерилин Монро“ со која го најавува новиот албум што треба да се појави во средината на декември. За синглот е снимен и видеоспот со атрактивна содржина.

За новата песна, Миха вели дека има порака и е своевидна поддршка до сите кои „држат“ до своето и уживаат во животот.

„Мерлин Монро е песна која ги отсликува сите оние храбри индивидуи кои не се плашат да се тотално различни и свои, кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба.“

 

Новиот сингл „Мерилин Монро“ е комплетно авторско дело (музиката и текстот) на Наташа, а на аранжманското обликување заедно работеа со Дамир Пух. Песната е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје, а Дамир ги изработи миксот и мастерингот.

Видеозаписот е дело на Ѓорѓи Вацев. Во видеото како модел се појавува Калтрина Круезиу, која ја има улогата на современата Мерилин Монро.

Сет фотографиите се дело на Бојан Стоилковски. За шминката се погрижи Зоран Шурбевски .

Наташа, која на македонската сцена се наметна како впечатлив и моќен вокал е академски образуван музичар. Кариерата ѝ започнува во 2020 година со објавувањето на песните: „Кругот“ и „Пеперутка“, а по која следеа „Те сонив“, „Се што знам“ и „Winning Every Game“.

Наташа Миха е фронтмен и клавијатурист на бендот „Station: Innermost“ со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ и неколку синглови. Соработувала со повеќе музичари, меѓу кои и клавијатуристот Дерек Шеринијан (ex-Dream Theater, Billy Idol, Allice Cooper …). Со бендот има настапувано на фестивали во и надвор од државата, а меѓу последните настапи беа предгрупа на „Deep Purple.“

Како звучи и изгледа нејзината музичка трансформација во „Мерлин Монро“, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Промотер