Радио Милева
имала тешки периоди

Наташа Беквалац: „Не сакам да се сеќавам на 2021 година“

Наташа Беквалац: „Не сакам да се сеќавам на 2021 година“

Пејачката Наташа Беквалац секогаш отворено зборуваше за својот приватен живот, а отворено и зборуваше за предизвиците со кои се соочи изминатата година.

Пејачката проговори и за нејзините поранешни партнери и откри дека нејзиниот последен развод од Лука Лазукиќ ја чинил 600 евра колку што ги платила судските трошоци.

Колку те чинеше последниот развод?

-600 евра.

Три пати се мажеше, но ниту еден брак не ти е успеа. Дали тоа значи дека ти тешка личност?

-Не ги гушам своите партнери, но не сум лесна во односите.

Дали оваа година имаше тешки моменти во животот?

-Не е ова некоја година на која сакам да се сеќавам. Не ми е меѓу желбите да се заљубам. Желба ми е да бидам мирна“, вели Наташа и додава дека и во претходната година имала тежок период.

-Да, и тоа ги поднесев многу тешко. Човекот никогаш не е подготвен за големи порази и голема тага. Животот кога на некој ќе му даде тешки моменти, му дава прилика да се надмине себеси и да работи на својот развој. Како и сите, имам порази, но не ми се случи да паднам, а да не станам.

Инаку, Наташа откри дека подготвува и женски дует со пејачка која не е од Србија.

фото: ата имагес/инстаграм/стефан стојановиќ

Останати вести од Радио Милева