Радио Милева

Наташа Беквалац на првиот настап по пандемијата се појави во провокативно издание и изгледа брутално с*кси (фото)

Наташа Беквалац на првиот настап по пандемијата се појави во провокативно издание и изгледа брутално с*кси (фото)
фото: Никола Томиќ/ телеграф.рс

Поради пандемиајта со коронавирусот која го зафати цел свет, буквално се беше стопирано, како да застана светот. Немаше настапи, патувања, одмори, дружења, прегратки, но изгледа дека на се тоа се ближи крајот.

И познатите личности кои речиси животот го поминуваат во авион, автомобил патувајќи од настап на настап беа на принудена пауза поради короната. Но, полека се се враќа во нормала, па некои веќе започнаа со настапи.

Пејачката Наташа Беквалац го одржа својот прв настап по паузата поради пандемијата со коронавирусот.

Беквалац се појавила во црно трико во комбинација со црни високи чизми и долги ракавици.

фото: Никола Томиќ/ телеграф.рс

Во ова издание пејачката изгледаше безобразно секси, па го истакна и го задникот онолку колку да ја разбуди машката фантазија.

фото: Никола Томиќ/ телеграф.рс

Таа истакна дека е пресреќна што се вратила на сцената.

„Многу сум среќна што сум тука. Не банкротирав поради пандемијата бидејќи имав разни маркетинг кампањи поради кои сум многу среќна. Едвај чекам да се дружам со публиката како порано“, изјави Наташа.

Останати вести од Радио Милева