Радио Милева
сè е како што треба

Наташа Беквалац го прослави 42 -от роденден со најблиските -„ Не е баш сè како што замислував“ (фото+видео)

Наташа Беквалац го прослави 42 -от роденден со најблиските -„ Не е баш сè како што замислував“ (фото+видео)

Познатата пејачка Наташа Беквалац  со семејството го прослави својот 42 роденден, а во јавноста стигнаа и видеа од прославата.

Наташа Беквалац уживаше со ќерките Хана и Катја, како и со семејството на нејзината сестра Кристина, а насмевката од лицето не ја тргна.

Таа ги дувнала свеќите на тортата, и се снимала како се гушка со најмладите, а во оваа прилика сподели неколку зборови на Инстаграм.

– Денес ми е роденден! Ви благодарам за прекрасните желби, Ви благодарам за љубовта што ја чувствувам и живеам секој ден. Ќе се обидам да ви ги испеам најубавите песни и сè што правам го правам по патот на моето срце и моите соништа. Можеби се не е баш како што замислував и мечтаев, но секако сè  е баш како што треба. Ова е моето семејство. Ве сака Беквалац – напиша таа на споменатата социјална мрежа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Наташа Беквалац/Оливер Буниќ

 

Останати вести од Радио Милева