Радио Милева
семејна радост

Натали сподели приватни моменти: За помалата сестра на Грубовиќ беше посебен ден – славеше роденден (фото)

Натали сподели приватни моменти: За помалата сестра на Грубовиќ беше посебен ден – славеше роденден (фото)

Поранешната мaкедонска ТВ водителка за игри на среќа, модел и манекенка Наталија Грубовиќ вчера имаше убава причина и повод за семејна радост. Имено на нејзината помала сестра Марија и беше роденден.

Грубовиќ  и честиташе на „Инстаграм“, а во објавата и напиша – „Среќен роденден принцезо моја“.

Но, Натали наместо со свежа фотографија и го честиташе роденденот на нејзината убава сестра со една постара заедничка, додека во позадина свиреше песната „The Most Beautiful Girl In the World“ на Принц. Поточно, фотографијата беше од  свадбата на Марија која се случи летово, а невестата наместо во венчаница беше облечена  во кус светкав коктел фустан.

Натали  повторно ја „искористи“ и ја објави токму таа фотографија која можеби на поранешната водителка  и е една од омилените бидејќи сестрите неодамна беа заедно и наздравија во Скопје во една кафеана, а за нивната дружба се пофалија на социјалните мрежи.

Роденденот и го честиташе и нивната блиска пријателка, водителката Елена Стефановска.

За потсетување, Марија оваа година, стапи во брак со нејзиниот избраник Бојан во месец март, а свадбената веселба се случи во јуни во еден познат ресторан во Скопје каде присувствуваа блиските ченови на семејството, роднините и пријателите.

фото:Инстаграм/Принтскрин Наталија Грубовиќ/Елена Стефановска

Останати вести од Радио Милева