Радио Милева
во што ќе се промените за денот на вљубените?

Нашата ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ во еротска долна облека со секси дизајн, уште отсега подготвена да го дочека Св. Валентајн (ФОТО)

Нашата ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ во еротска долна облека со секси дизајн, уште отсега подготвена да го дочека Св. Валентајн (ФОТО)

Елеонора Нора Миљковиќ, некогашната македонска ријалити учесничка, модел и ТВ водителка, однеодамна и  сопруга, откако кон крајот на минатата година вплови во брачните води со своето долгогодишно момче Чедо.

Нора уште пред брачните, вплови и во таканаречените инфлуенсерски води, рекламирајќи на  Инстаграм разни производи и услуги, од кои најмногу оние кои го допираат гламурот. Меѓу нив најчесто секси долна облека на еден еротски бренд со слично име, во чии парчиња скопската убавица изгледа како секси зајачица, налик на оние од насловниците на најпознатиот светски машки магазин.

Раскошна убавица која зрачи со еротски набој кој ја поместува тенката граница на она што ги дразни машките мисли и сетила… Елеонора слободно им допушта да влезат во нејзините соништа, зашто таа ионака е веќе во нивните…

Како и не би, кога штом ја видите таа е како „бисер во отворена школка“, провокативна, пожелна, привлечна, секси… до болка! Најчесто кога за тоа има добра причина и уште поубав повод… Каков што е Денот на вљубените на пример, за кој лани додека се’ уште беше мома за мажење, Нора  возбудата ја доведе до ежење. Во ултрасекси брендирана долна облека како секси зајачица со две лица… Нежна и заводлива, подготвена да сподели љубов што кулминира, за потоа да експлодира и да се претвоти во садо мазо-домина, желна да доминира!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eros (@eros.underwear)

Откако стана јасно кој е тој господин, со кој ќе го сподели овој чин на размена на нежности за Свети Валентин, остана само прашањето дали вечерта завршила како „љубовна едночинка“ или кулминацијата следела по трансформацијата?

Годинава сега веќе госпоѓа Елеонора уште отсега е подготвена за нова промена, во поинаков, но ништо помалку возбудлив еротски аутфит да го дочека Свети Валентин.

Дилемата е само дали во  црн, кожен „Блек кет сет“, кој повеќе им прилега на оние кои „љубовните игрите за возрасни“ ги сакаат малку пожестоки?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eros (@eros.underwear)

Или во нежен еротски комплет од црвена  провидна наметка и црвени  најлон чорапи во комбинација со бели жартиери, танга гаќички и градник, за суптилна размена на нежности за љубовниот празник?

Или можеби  во нешто сосема друго лежи тајната, како што Елеонора потенцира и самата, не е само до денот, секси облеката и нејзиниот дизајн, туку… „Да си најдете жена со која секој ден ќе ви биде Валентајн“!

Фото: Инстаграм принтскрин/eros.underwear/__elle.m__

 

Останати вести од Радио Милева