Мегафон

Наоми Кембел e Модна икона на годината

Наоми Кембел e Модна икона на годината

Секоја година во јуни традиционално се одржува доделувањето на престижните CFDA награди, кое ги собира некои од највлијателните луѓе од светот на модата. Оваа година, повеќе модни дизајнери од Америка одлучиja да ја наградат Наоми Кембел за нејзината голема улога во историјата на модата.

Поголемиот дел од модните дизајнери во Америка најавија дека Наоми Кембел ќе ја прими наградата за Модна икона на 2018 година, на церемонијата која ќе се одржи на 4 јуни.

„Вистинска чест е што жирито ме препозна за овогодинешната награда. Мојот личен стил секогаш бил под влијание на динамичната улична култура и музичката сцена. Јас сум порасната во модната индустрија и засекогаш ќе им бидам благодарна на американски модни дизајнери што ме поддржуваат во кариерата“, изјави Наоми за медиумите.

Кембел, на овој начин, им се придружи на листата на свои пријатели и останати познати лица кои во минатото ја добиле оваа престижна награда, а меѓу нив се Ријана, Дејвид Боуви, Фарел Вилијамс и Кејт Мос.

„Од чудо од дете до божица на модата. Наоми претставува убавина, активизам и радост на животот“, вели за Кембел модниот дизајнер Дајана Фурштенберг.