Живот и Стил

Намирници кои треба да ги избегнувате за појадок доколку сакате да имате совршена линија на тело

Намирници кои треба да ги избегнувате за појадок доколку сакате да имате совршена линија на тело

Изборот на намирници за појадок е многу важен доколку сакате да имате добра линија на тело.

Ви претставуваме неколку намирници кои треба да ги избегнувате доколку сакате да бидете фит:

Млечни производи со помал процент на масти

Млечните производи кои се обележани како лајт варијанти не се добар избор за појадок затоа што имаат мал процент на масти и не содржат доволно протеини, па поради тоа често и побрзо ќе огладнете.

Научно истражување покажало дека јогуртот со поголем процент на масти придонесува во губењето килограми за разлика од лајт варијантата.

Цедени сокови

Уште една намирница на овој список која можеби ќе ве изненади е цеден сок, особено од цитруси како што е портокалот.

Нутриционистите тврдат дека поголем дел од соковите содржат еднаква количина на шеќери како и купените сокови поради тоа не се препорачува како напиток за појадок затоа што може да влијае на линијата на тело.

Путер

На овој список намирница која треба да ја избегнувате за појадок е и путерот.

Иако содржи многу витамини меѓу кои и најважните – А и Е, освен здравите масти путерот содржи и многу заситени масти кои штетно влијаат на срцето и крвните садови и на тој начин придонесуваат во дебелеењето.

извор: кармин.точка.мк