Сè што ви треба се банани, кондензирано млеко, брашно и прашок за пециво.
За овој рецепт кој стана хит, потребно ви е кондензирано млеко, малку брашно, 1 лажичка прашок за пециво и 4-5 банани.
Испасирајте ги бананите додека не бидат течни и измешајте ги со млеко и две и пол чаши (за чај) брашно.
Смесата ставете ја во калап за леб со хартија за печење и додадете две, три капки вода.
Печете го еден час на средна температура.
По желба врз изпечениот банана леб можете да додадете шлаг, сируп или да го додадете што вам ви се допаѓа.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.