Радио Милева
Брутални реакции

„Најгрдата венчаница досега“: Новата сопруга на Мустафа Сандал е мета на критики поради изборот на фустанот за свадбата (фото)

„Најгрдата венчаница досега“: Новата сопруга на Мустафа Сандал е мета на критики поради изборот на фустанот за свадбата (фото)

Турскиот пејач Мустафа Сандал, поранешен сопруг на пејачката Емина Јаховиќ, со која има два сина, пред речиси еден месец се ожени со 19 години помладата Мелис Сутшуруп, но тоа не е она за што коментираат медиумите.

Имено, парот пред само неколку дена ги објави фотографиите од споменатата забава, а посебно внимание привлече модниот избор на невестата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magazin Mahallesi (@magazinmahallesi)

Таа се облече во провокативна, кратка проѕирна венчаница за делот по церемонијата, модел со реси од тантела, а креацијата всушност повеќе личи на костим за танц отколку на невестински фустан за забава.

– „Најгрдата венчаница досега“, „Толку пари, а ти направи таков избор“, „Од твојата венчаница ме заболи мозокот“, „Грда, погрдо не можеше да биде“ – ова се само дел од коментарите .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Magazin Mahallesi (@magazinmahallesi)

Да потсетиме, Емина по раскошната венчавка на нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал изјави дека очигледно лажел дека има финансиски проблеми откако го тужела за алиментација.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева