Живот и Стил

Најголемите грешки кои ги правите кога подготвувате ајвар

Најголемите грешки кои ги правите кога подготвувате ајвар

Прочитајте кои грешки за време на подготовката на ајварот треба да ги избегнувате.

Ајварот е неизоставен дел од зимницата и е омилен во многу семејства.

Некој го сака лут, некој благ, некој со домати, но секако гурманите не можат да му одолеат.

Меѓутоа за време на подготовката, многу домаќинки прават одредени грешки кои го расипуваат неговиот вкус.

1. Погрешна математика

За добар ајвар, но и за останатите зимници, клучни се добрите продукти, но и вистинската мерка. Кога станува збор за зеленчукот, доколку не го правите само со пиперки, би требало на секои три килограми пиперки да ставите килограм домати.

2. Бирате слаби пиперки

Кога купувате пиперки, замолете го продавачот да ви ја пресече пиперката за да бидете сигурни во дебелината на овој зеленчук, бидејќи токму од тоа зависи квалитетот. Пожелно би било и да ја пробате. Одличната пиперка е зрела и дебела.

3. Печете ги пиперките

Највкусниот ајвар има фина арома која не можете да ја добиете доколку не ги печете пиперките. Најдобро е да го направите тоа на жар, а се препорачува да се користат природни дрва или јаглен.

4. Прекратко ги печете

Пиперката и доматите треба добро да се измијат и да се испечат со повремено вртење. Кога кожата (лушпата) ќе почне да се одвојува, тогаш пиперката е печена. Не е доволно само да потемни, но водете сметка и да не го изгорите зеленчукот.

5. Не ги цедите доволно добро

Излупените пиперки ставете ги цедалка да се цедат цела вечер, најмалку 12 часа. Истото треба да го направите и со доматите. Ајварот ќе има подобар вкус, а времето на варење ќе биде намалено.

6. Постојано мешајте

За ајварот да биде кремаст и за да се мачка совршено, важно е трпеливо да се меша.

7. Ги оставате семките

Многу домаќинки во ајварот додаваат феферонки, но доколку не сакате луто, добро би било пиперките да ги исчистите од семки. Исто така, од семките треба да бидат исчистени и пиперките и доматите.

8. Премногу сол

Солта се додава постепено, а пред секое пробување потребно е ајварот да се олади во чинија. Доколку го пробате додека е топол, нема да го почувствувате вкусот.

9. Валкани рабови

За зимницата да ви стои подолго, задолжително теглите најпрво стерилизирајте ги. Но, со еден трик нема потреба да се грижите. Пред да ги затворите со капачето, избришете ги рабовите на теглата со алкохолен оцет.

10. Постепено ладење

Теглите затворете ги со стерилизирани оригинални капачиња и ставете ги во загреана рерна на 100 степени (еден час до час и половина). Исклучете ја рерната и оставете ја во неа да се оладат. Чувајте ги на мрачно и ладно место.

извор:курир.мк