Љубов и Секс

Најдобри секс пози за жешките летни денови

Најдобри секс пози за жешките летни денови

Колку и да сакате секси игри и жешка акција во кревет, кога доаѓа тропскaта горештина, ретко кој може да издржи.

Сепак, постојат пози во кои ќе уживате и покрај фактот дека температурата се искачи на над 40 Целзиусови степени.

Во нив има минимален контакт, па можете да уживате без страв дека ќе „врнете од пот“.

Перек поза

Перек позата можете да ја пробате на ладни плочки, бидејќи на тој начин ќе се потите минимално.

Како функционира? Жената лежи на страна и ја крева едната нога нагоре, а мажот ја „јавнува“ ногата што ѝ е на подот и пенетрира. Најдоброто во оваа поза е што можете да доживеете длабока пенетрација со минимално движење.

Кучешка поза

Ставете вентилатор да дува кон вас за време на сексот, бидејќи на тој начин ќе се потите помалку. Мажите прилично брзо доживуваат кулминација во оваа поза, па е добра опција за „секс на брзинка“.

Како функционира? Жената нека се спушти на сите четири, а мажот нека пенетрира одзади, на колена.

Овација

Оваа поза е идеална за во туш кабина, каде можете да уживате во страстите под освежувачки млаз вода.

Како функционира? Позата Овација се изведува стоечки, при што жената треба едната нога да ја крене и отвори, а мажот да пенетрира одзади или однапред. Ако имате поголема туш кабина, може и жената да се наведне надолу за пенетрација одзади. Ако е физички изводливо, мажот може да ја крене жената в раце, а таа со нозете да го прегрне околу половината. Ви советуваме гелот за туширање да го оставите за на крај, да не ви лизга подлогата.