Живот и Стил

Најдобри начини за детоксикација на организмот

Најдобри начини за детоксикација на организмот

Нашите тела имаат вградено систем за детоксикација кој работи деноноќно за прочистување на организмот од токсини, но овој систем понекогаш може да се блокира поради постојаната изложеност на модерните загадувачи. Малите чекори како јадењето овошје и зеленчук, потењето преку редовно вежбање и правилната хидратација се само дел од навиките кои можеме да ги практикуваме секојдневно. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за најефективна детоксикација на организмот кои можете уште веднаш да ги примените.

1. Намалете ја изложеноста на токсини
Според експертите, отровите во организмот навлегуваат преку водата, храната и воздухот. Затоа најдобро би било во вашето мени да вклучите што е можно повеќе продукти од органско потекло, да користите филтри за воздух и да се обидете да ги избегнувате пластичните пакувања. Исто така можете да ги замените средствата за чистење кои се состојат хемикалии со нетоксични алтернативни производи.

2. Погрижете се за нормално функционирање на екскреторниот систем
Важно е да не го занемарите здравјето на екскреторните органи односно органите за излачување како црниот дроб, бубрезите и кожата. За успешна детоксикација на еден од најважните органи, црниот дроб, е неопходен режим на исхрана со соодветни витамини и минерали.

3. Зголемете ја хидратацијата и внесувајте повеќе хранливи материи
Преку правилната исхрана можат да се внесат многу хранливи материи кои се неопходни за здраво функционирање на црниот дроб. Сепак, ова може да биде предизвик за лицата со понизок социјално-економски статус кои имаат помал пристап до свежо овошје и зеленчук и имаат тенденција да живеат во загадени средини.

4. Бидете активни
Редовното вежбање и внесувањето антиоксиданси го зајакнуваат одбранбениот систем на телото во борбата против зголемените загадувачи на животната средина.

извор: mindbodygreen.com