Љубов и Секс

Најчестите лаги за сексот кои ги гледаме во порно филмовите

Најчестите лаги за сексот кои ги гледаме во порно филмовите

Во текот на гледањето порно филмови треба да се има на ум дека во нив има повеќе нереални отколку реални сцени, односно дека сексот не е претставен во вистинското светло.

Овие филмови се преполни со фантазии кои во реалниот свет всушност се поинакви.

 

1. Секоја жена доживува оргазам секој пат кога има секс

Во текот на сексуалниот однос е сосема нормално да не доживеете оргазам. Поентата на сексот не е само во оргазамот, сексот исто така е средство за зближување меѓу партнерите и во емотивна смисла, а не само во физичка.

 

2. Сексот мора да трае барем половина час

И сексот на брзина може да биде супер. Кога сте одморни и имате време за секс, може со часов да водите љубов, но траењето всушност не е важно ако и двајцата сте задоволни.

 

3. Жената е секој пат совршено депилирана пред секс

Често се опседнуваме со влакната бидејќи мислиме дека поради нив ќе бидеме помалку привлечни на партнерот, но тој воопшто нема ни да ги забележи ниту пак се опседнува со нив.

 

4. Добриот секс е често гласен

Прегласното стенкање не е често знак за добар секс. Кога уживате во сексот, слободно може да го покажете тоа, но не мора да бидете многу гласни и да го охрабрувате со стенкање на секоја минута.

Правете го тоа природно, тогаш кога имате потреба.

 

5. Секс само со надарени мажи

Кога просечната величина на пенисот би ја пресметале според основа на порно филмовите, би испаднало дека повеќето мажи се натпросечно надарени. Секако, тоа е мит, како и претпоставката дека големината на пенисот е пресудна за добар секс.

Добар или лош љубовник зависи од многу фактори, најмалку од големината на пенисот.

 

6. Сексот во текот на работно време во канцеларија е сосема прифатлив

Или секс во ресторан, парк, теретана. Луѓето сепак не се впуштаат толку лесно на страстите, особено не на јавни места каде некој може да ги види или чуе.