Љубов и Секс

Најчестите грешки кои многумина ги прават по раскинување на врска

Најчестите грешки кои многумина ги прават по раскинување на врска

Кога ќе дојде крај на една врска најдобро е да се соземете и продолжите по својот пат. Страдањето и тагата се очекувани и нормални, особено ако вие сте оставената личност.

Во многу случаи луѓето тешко се носат со загубата на саката личност, а самата болка поради тоа може да потрае и подолго отколку што траела врската. Некогаш луѓето со нивните постапки ја влошуваат својата состојба, па потешко ги преболуваат бившите партнери.

Од друга страна, не треба да правите работи кои го продолжуваат вашето страдање и прават да се чувствувате многу полошо. Врската траела додека ви било убаво и сте уживале во неа, затоа не се убедувајте дека истата била само губење време. Прифатете дека е крај, дека ви е тешко и со мали чекори продолжете по вашиот пат.

Ги потиснувате чувствата

Нема потреба да криете дека сте повредени. Можеби мислите дека така ќе му покажете на светот колку сте силни, емоционално стабилни и способни да се носите со личните проблеми. можеби и себеси сакате да си го докажете тоа.

Собирањето негативни емоции во себе не е здраво. Сосема е во ред да плачете ако ви се плаче, да претерате со јадење слатка храна или пица. Нормално е да се чувствувате тажно и ги исфрлите лошите емоции од себе.

Ја барате причината за крајот на приказната

На многумина им е важно да знаат што точно довело до исчезнување на љубовта која толку ве инспирирала и правела среќни.

Мозокот функционира така што секогаш мора да биде запознаен со причините и последиците, па затоа често се појавува прашањето „зошто“. Сепак, тоа не е причина поради која треба да му се јавите на бившиот партнер.

Од една страна, тој нема причина да ви се правда, а од друга страна неговиот однос треба да ви биде јасен знак дека нема што да барате од врската.

Ќе останете пријатели

Во екстремно ретки случаи бившите партнери успеваат да изградат пријателски однос, но сосема е погрешно да инсистирате на тоа веднаш по раскинувањето. Треба време за да се смират чувствата.

Доколку инсистирате на дружба и средби, веројатно само барате причина повеќе да за минете време заедно.

Нова врска

Уште еден чекор кој не е во ред откако сте излегле од врска. Тоа може да доведе само до нови разочарувања. Дајте си време, преболете го бившиот па размислувајте за нова љубов.

Го шпионирате на социјалните мрежи

Желбата да сакате да знаете што се случува во неговиот живот е огромна, но мора да одолеете на неа. Само ќе си ја влошите вашата ситуација бидејќи ќе се опседнете со него, но на погрешен начин.

Нека остане тој дел од вашите спомени, само немојте постојано да размислувате за нив и жалите за тоа што сте го изгубиле. Ако бил оној вистинскиот за вас, ќе бевте сè уште заедно.

Извор:Кајгана.мк