Промотер

На В’чков му е страв да потоне во – „Мрак“ (ВИДЕО)

На В’чков му е страв да потоне во – „Мрак“ (ВИДЕО)

На својот Јутјуб канал младиот и веќе познат артист В’чков ја промовираше својата најнова песна „Мрак” преточена во нов видео спот. Песната е дело на Вчков, додека пратечките вокали ги пее Јана Спирковска. Зад камерата снимал Андреј Јаневски, кој и воедно го монтирале овој видео спот.

„Новата песна е еден нов звук на нашата музичка сцена. Текстот е мој, но не е автобиографски. А дали сум задоволен од новата песна е се уште рано да се каже. Оптимистичен сум и се надевам дека публиката ќе го прифати овој нов звук.

За многу кратко време со задоволство можам да најавам дека ќе промовирам уште една песна, летна, овој пат снимена заедно со артист од Уругвај. Летото што туку почнува, време е да следат нови проекти во кои ќе ужива публиката” – изјави за Музика24 младиот и симпатичен македонски артист, Бојан Вчков.

Во продолжение, погледнете го најновиот видеоспот за  песната “Мрак”: