Промотер

На „Суперхикс“ новата песна им е баеги – „Крута“ (АУДИО)

На „Суперхикс“ новата песна им е баеги – „Крута“ (АУДИО)

„Суперхикс“  деновиве го претставија првиот од неколкуте нови синглови, снимени во текот на месец јуни оваа година.

Необичен наслов за една песна. Снимена е  во студиото „Тра-ла-ла-ла“ на Мите Димовски, која неодамна ја здогледува виделината денот со својата промоција на социјалните мрежи и во радиоетерот.

Ова песна воедно ќе биде и првата од неколкуте нови синглови на „Суперхикс“, кои публиката со нетрпение ги чека.

Во меѓувреме:  Петар Младеновски – бас и вокал, Борис Минов – гитара, Дарко Попов – тапани, Александар Спасовски – труба, Симе Златков – саксофон, Бранко Илиевски – тромбон, Гоце Лалковски – грамафони, Стефан Алексовски – клавијитури, сите членовите на скопската „банда инструментале“, како што „Суперхикс“ се нарекуваат,  ќе настапуваат на концерти низ Македонија, а тоа ќе биде и одлична шанса покрај палетата свои хитови и песната „Крута“ да ја промовираат пред својата публика во живо.

Како  звучи „Крута“, проследете во продолжение: 

Останати вести од Промотер