Радио Милева
За добредојде

На среќата и нема крај: Сара Мејс и бебето си дојдоа дома – малата Илина и тато Димитар во облаци (фото)

На среќата и нема крај: Сара Мејс и бебето си дојдоа дома – малата Илина и тато Димитар во облаци (фото)

По неколку дневен престој во болница кој протоколарно се случува после породување, пејачката Сара Мејс и нејзиното синче Кирил си дојдоа дома.

Како што е ред, мајката и бебето дојде да ги земе тато Димитар, а заедно со него беше и дада Илина.

Сара се дотера во кусо зелено фустанче со широко деколте кое беше во фокусот, а освен приложените фотографии и описот на емоции, се заблагодарија на тимот од приватната болница кој ја водеше бременоста и го изведе породувањето.

-На среќата и’ нема крај.Кирил, добредојде. Сестричкава, татково и мајкава те сакаат најмногу на свет! Едвај те чекавме, не’ прерадува! Да си ни жив и здрав, да не’ радуваш и добро да делуваш. Блгодариме @santeplushospitalsmacedonia што сте дел од нашите најголеми среќи и богатства во животот Илина и Кирил.
Со ваков тим, одиме на трето Дечки, Ви благодарам на сите за честитките.
Ви посакувам еден тон среќи! Гушкам. Преблажено, пишува Сара Мејс.

Позирањето започна уште на излезот од породилиште, па продолжи и дома.

Дека на среќата и нема крај се гледа на секоја фотографија, блеска мама, блескаат и тато Димитар и Илина.

Кирил по девет месеци е во нивните раце, а сега се уште побогати сите заедно еден до друг.

фото:Instagram/Sara Mace

Останати вести од Радио Милева