Радио Милева
тато како Дедо Мраз

На среќата и нема крај: Дедо Мраз пристигна во домот на Елена Миленковска (видео)

На среќата и нема крај: Дедо Мраз пристигна во домот на Елена Миленковска (видео)

Најмалите се оние кои можеби најмногу се радуваат на новогодишни празници кога ќе добијат новогодишни пакетчиња, ќе се фотографираат со новогодишна елка или пак со Дедо Мраз.

Дедо Мраз пристигна и во домот на македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска.

Имено, Елена ужива во среќниот брак и семејната хармонија во бракот со нејзиниот колега и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Гуте Маринковиќ. Тие од бракот го имаат синот Максим.

Токму за Нова година, наследникот на парот доби мало изненадување односно дојде Дедо Мраз во нивниот дом.

Елена и Максим го пречекаа Дедо Мраз пред врата, а тој на Максим му донесе новогодишни пакетчиња и играчки. На среќата и немаше крај, а мама и тато беа посебно среќни за радоста на нивниот наследник.

Инаку, Гуте се најде во улогата на Дедо Мраз за да го израдува синот.

„Тато Гуте во улога на Дедо Мраз. Помина и повеќе од успешно со тоа што секој ден оди до влезната врата и прашува: „Каде е Деа Ма?, напиша пејачката покрај објавата.

Останати вести од Радио Милева