Радио Милева
неплатен данок

На Шакира поради милионски долг и се заканува казна затвор?

На Шакира поради милионски долг и се заканува казна затвор?

Последните три години против Шакира се води истрага, пишуваат шпанските медиуми.

Популарната пејачка наводно може да заврши во затвор поради неплаќање данок. Како што пишува  La Vanguardia, против пејачката се води истрага од три години и постои доказ дека и се суди.

Наводно, Шакира на државата за данок е должна 14 ипол милиони евра за периодот од 2012 до 2014 година.

Шакира се брани велејќи дека во Шпанија поминала помалку од 184 дена и дека поради тоа не е должна да плаќа данок. Исто така, таа наведува дека заедно со својот партнер Пике создале дом во 2015 година.

Доколку не се постигне вонсудска спогодба, Шакира може да заврши на обвинителна клупа и во затвор, објави во четвртокот „Ла Вангуардија“.

фото: профимедиа/инстаграм

Останати вести од Радио Милева