Радио Милева
новогодишна дочек криенка

На само неколку дена до Нова Година на скопскиот плоштад (не) се знае кој ќе настапува: Неофицијално – Елена Ристеска, Дупер, Саут парк, фолкерите од Мерак меана…

На само неколку дена до Нова Година на скопскиот плоштад (не) се знае кој ќе настапува: Неофицијално – Елена Ристеска, Дупер, Саут парк, фолкерите од Мерак меана…

На само неколку дена пред Нова година, скопската градоначалничка Данела Арсовска не се појавува пред медиумите, бега од камерите и не открива детали за новогодишната вечер. Плоштадот е сиромашно украсен, а далеку посвечено изгледаат дури и најмалите гратчиња во провинцијата.

Програмата за која се зборува само во кулоарите кој ќе настапува на скопскиот плоштад за Нова година исто така засега не е официјално потврдена. Извесно е дека главна ѕвезда е одбрана да биде поп пејачката Елена Ристеска, иако никој тоа од Град Скопје не го потврдил, ниту пак објаснил по кој критериум токму неа ја одбрале.

Да не се пофалеше и не обзнанеше самата Ристеска на својот Инстаграм профил пошироката јавност не ќе знаеше дали воопшто нешто ќе се случува на плоштадот во македонската престолнина, вечерта за Нова Година.

„На 31ви декември, ве поканувам на Плоштад Македонија во Скопје, за заедно да ја дочекаме НОВАТА 2023ТА ГОДИНА. Конечно македонска музика ќе ечи на нашиот плоштад. Заедно со мојот бенд и со моите колеги од музичката естрада ќе го направиме дочекот на новата година незаборавен и полн со позитивна енергија и надеж. Ве чекам и ВЕ САКАМ НЕИЗМЕРНО! Ваша Елена“ – напиша Ристетска на Инстаграм, меѓу редови најавувајќи дека покрај неа ќе настапуваат и други естрадни изведувачи и групи.

Неофицијално се зборува дека покрај Елена Ристеска вечерта на 31-ви ќе настапат и скопските бендови „Дупер“ и „Саут парк“.

За фолк забавата се зборува дека ќе се погрижи екипата од популарната ТВ емисија на Сител, „Мерак меана“ со настапи на познатите македонски фолк ѕвезди: групата Скопски боеми, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ и други.

Прославата се планира да започне околу 21 часот со настапот на „Саут парк“ кои ќе изведуваат познати светки хитови, а во Новата Година да се влезе со настапот на Елена Ристеска.

Ова засега се’ уште се само неофицијални информации, кои ни градоначалничката Данела Арсовска, ниту било кој друг од  Градот Скопје, ниту ги негира, ниту ги потврдува. Со тоа мистеријата околу годинешниот дочек на новата 2023 година на плоштадот во македонската престолнина, се сведува на „предновогодишна дочек криенка“.

Останати вести од Радио Милева