Мегафон
евросонг 2022

На првото евровизиско полуфинале, дебакал на претставниците од регионот: Ова се првите 10 финалисти на Евросонг 2022

На првото евровизиско полуфинале, дебакал на претставниците од регионот: Ова се првите 10  финалисти на Евросонг 2022

Вчеравечер, 10 мај 2022 год.  во Торино, се одржа првата полуфинална вечер на Евровизија 2022, на која за место во финалето се бореа 17 земји. Домаќини на првото евровизиско полуфинале се оскаровската пејачка Лаура Паусини, Алесандро Кателан и пејачот Мика, а европски центар сношти беше салата Пало Олимпико.

66-то издание спектакуларно го отвори Албанија и нејзиниот претставник Ронела Хајати со песната „Тајна“, а по неа настапија претставниците на Литванија, Летонија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

По изведувањето на сите песни, секоја земја ги презентираше незјините гласови од 1 до 8, 10 и 12 поени, во состав сет од жири од пет експерти од музичката индустрија и еден од телевоутингот на гледачите. Гледачите гласаа преку телефон, СМС и преку официјалната апликација на Евровизија.

Првите 10 земји кои се пласираа во финалето на 66. Избор за песна на Евровизија се: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Земјите кои не успеаја да влезат во финалето се: Бугарија, Латвија, Словенија, Хрватска, Австрија, Данска и Албанија, по што е јасно дека земјите од Балканот и воопшто од регионот, доживеаа вистински евровизиски дебакл!

Фото: Профимедиа