Радио Милева
блесокот на годините

На прославата на „Бекстејџ“ по речиси 30 години Лила и Мишко повторнио јавно се појавија заедно: „Таму кај што беа“ се и денес… само сега како уште поблескави ТВ ѕвезди (ФОТО)

На прославата на „Бекстејџ“ по речиси 30 години Лила и Мишко повторнио јавно се појавија заедно: „Таму кај што беа“ се и денес… само сега како уште поблескави ТВ ѕвезди (ФОТО)

На прославата на 15-от роденден на „Бекстејџ“, Лила Филиповска, моминско Стојановска, беше една од наградените која ја доби портокаловата ѕвезда на „ТВ магазинот од зад сцената“  за „Трајни вредности“ како најдобрата и најдолговечна македонска ТВ водителка во континуитет триесет години.

Оние што подолго паметат, се сеќаваат дека Лила кариерата ја започна како водителка во „Зимско-рекреативната програма“ на МТВ, за потоа да помине во ТВ Сител каде до ден-денес е неприкосновена на полето на водителството во забавата.

Една од нејзините први емисии во ТВ Сител , пред речиси три децении беше ток – шоуто кое го водеа со нејзиниот тогашен телевизиски партнер Крумислав Барзов, попознат под прекарот Мишко. Лила и Мишко беа не само ТВ водители на „Тамму кај што си“, туку и врвни забавувачи, а нивната соработка продолжи да се огледа и во музичките обиди на двајцата тогашни ТВ партнери.

Имено, една од неколкуте песни пшшто Лила ги сними како пејачка, беше токму и дуетот со Мишко, нумерата насловена како „Земјотрес“!

Сериозна музичка кариера да прават ниту на обајцата „не им падна напамет“, а по завршувањето на циклусот емисии „Таму кај што си“,  последната сезона  заврши, како што тогаш некои тврдеа,  со „земјотрес“ што се случи(л) меѓу двајцата водители!?

Дали навистина имало или не „недоразбирања со непомирливи разлики“, никогаш јавноста не дозна, но затоа набргу дозна дека секој си оди на своја страна.

Лила остана до ден денес да „царува“ на ТВ екраните во Сител ТВ, а Мишко и се посвети на својата прва голема љубов – автомобилите, правејќи го свето ТВ шоу „Автомагазин“ кое се емитува на различни телевизии и секако на Јутјуб каналот.

Иако секој успешен во својата бранша, Лила и Мишко повеќе никогаш не ги видовме заедно. Не барем професионално, во заеднички ТВ проект… А и приватно во јавноста!

Секој по својот пат, се додека по цели 30 години патиштата повторно не им се вкрстија, а тие не се сретнаа токму на големата роденденска забава на „ТВ магазинот од зад сцената“.

Имено, на прославата на „Бекстејџ“ по речиси 30 години Лила и Мишко случајно или намерно, повторно јавно се појавија заедно! Под блескавите светла на црвениот тепих со заедничка фотографија ја одбележаа средбата, која јавноста и тоа како ја „заскокотка“. Дали муабетите за „непомирливите разлики“ како причина за нивната тогашна професионална разделба биле само „евтини приказни“ или „времето лечи се’“, па зошто и некогашните „недоразбирања“, не? Се разбира доколку воопшто и ги имало?!

Што и да било, денес веќе не важно, зашто Мишко и Лила , „таму кај што беа“ се и денес… Само сега како уште поблескави и етаблирани ТВ ѕвезди со заслужени одличја за „трајни вредности“  кои ги создаваа(т) и ќе ги остават како наследство за идните поколенија покажувајќи им како како изгледа патот до успехот, како треба да се работи за да бидеш „врв“ во телевизиските води!

Фото: Инстаграм принтскрин/Социјални мрежи/ фото архива

Останати вести од Радио Милева