Радио Милева
слаба на „подземје“...

На пејачката од „Задруга 4“, Кристијан Голубовиќ не и единствениот љубовник – криминалец: Тој ја давеше и скубеше за коса, а претходиот ја истрижал на нула!

На пејачката од „Задруга 4“, Кристијан Голубовиќ не и единствениот љубовник – криминалец: Тој ја давеше и скубеше за коса, а претходиот ја истрижал на нула!

На учесничката во актуелната сезона на најгледаното ријалити „Задруга 4“, пејачката Кристина Спалевиќ, која го напушти шоуто пред две вечери, очигледно не и се страни врските со поранешни криминалци и  затвореници.

Имено, како што се наведува, во 2017 година, таа била во врска со З.М., кој  и ја истрижал косата „на нула“, оставајќи ја ќелава по една расправија во неговиот стан.

„Многумина ја познаваат Кристина во градот и се знае дека таа беше во врска со опасни типови. Не се сеќавам дека некогаш имала момче кое не е од криминалното милје, а јас и мојот пријател ја познаваме со години. Таа е навидум одлична девојка, нормална е и секогаш е тука за луѓето што ги сака, но очигледно сака погрешни момчиња. Пред три години, таа беше во врска со момче кое беше во затвор неколку години. Тие се сретнаа случајно додека таа пееше на сплав, тој и пријде и така тие почнаа да се слушаат. Одлично се согласуваа, летото го поминаа заедно, а тој покрај редовната работа како менаџер, што го имаше во еден бар, дилаше марихуана, па повторно падна“ – вели нејзиниот анонимен пријател.

„Во меѓувреме, тие започнаа постојано да се расправаат. Тој лошо се однесуваше кон неа, но таа никогаш не сакаше да зборува за тоа, иако сите забележуваа дека има модринки по рацете и вратот“ – раскажал пријателот.

Како што понатаму се наведува, Кристина во една прилика ја имала најлошата кавга во станот на своето момче, кога тој луто ја зел машинка за потсрижување и почнал да ја „шиша“ ќелава.

„Најмногу се исплашив кога случајно ја сретнав Кристина, затоа што живееме недалеку едни од други. Ми се јави на улица, не ја препознав затоа што беше целосно ќелава. Веднаш ја прашав што се случило, а потоа ми рече: ‘Не ме прашувај ништо, овој мојот ме изобличи. Ми ја истрижа целата коса затоа што му реков да ми се јави кога ќе си дојде доцна  дома. Тој беше со некое друштво и наводно тие слушнале кога сум  се јавила и врескала по телефон. Дојде дома и ме нападна велејќи дека сум го посрамотила“.

Инаку, Кристина однејзиното сегашно момче, Кристијан Голубовиќ беше малтретирана неколку пати пред камерите во реалното шоу.

За време на една кавга тој почна да ја дави и да ја влече за коса, а потоа ја собори на подот каде продолжи да ја притиска за вратот. По расправијата, Голубовиќ успеа да ги изглади односите со Спалевиќ, но потоа следеа одново повеќе расправии меѓу нив.

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina_spalevic

Останати вести од Радио Милева