Живот и Стил

На одмор со деца: Oва се совети како да избегнете главоболки

На одмор со деца: Oва се совети како да избегнете главоболки

Заминување на летување со деца е дополнително комплицирано, особено доколку тие се мали. Подготовките за море може да траат долго, а неретко се случува нешто да заборавите.

Често одморот знае да се претвори во замор. Одењето на плажа трае долго, да се намачкаат децата со заштите фактор, да им се облечат костимите за капење, не ја заборавајте ужинката, пешкирите, сите додатоци за пливање, играчки…и што ли уште не.

Одењето на плажа не би претставувало толку големо оптеретување ако научите поинаку да се организирате

Анатомски ранци кои ќе го чуваат грбот на вашите мали

Научете ги децата сами да внимаваат за своите работи и дајте им одговорност. Анатомските ранци за на одмор се добро решение за одењето на плажа, бидејќи децата сами ќе ги носат своите работи.

Пумпа за дување ќе ви го олесни носењето надувани душеци, гуми за пливање и играчки за на плажа

Децата инсистираат на плажа да се носат еден куп гумени реквизити. Но, ако одите два пати во денот на плажа тоа може да биде навистина напорно. За да не мора тато да ги носи надувани гумените работи од дома, решението е пумпа за базени. На овој начин сите гумени реквизити за децата ќе ги дувате директно на плажа.

Грчеви кај бебе или температура може да го упропастат цел одмор

Грчевите кај бебињата се неизоставен дел од развојот и не постои родител кој помалку или повеќе не поминал низ тој процес. Ако летувате со бебе, тогаш најдобро е да се обезбедите со чаеви против грчеви, сирупи..

За повозрасните деца, составен дел од аптеката која треба да ја имате со себе на летување се сирупи против температура, фластери, креми против изгореници, спреј против убоди од инсекти, нешто против алергии.

Најважниот совет за мајките на крај е да се не заборават да се опуштат додека летуваат. Испијте чаша вино навечер или кога ќе ги успиете децата и обидете се да се опуштите.

izvorЧкурир.мк