Радио Милева
ја направи ѕвезда...?

На „љубовницата“ на Душко Тошиќ и нудат цело богатсво да влезе во „Задруга“: На Ана Јовановиќ љубовната афера и направи кариера? (ФОТО)

На „љубовницата“ на Душко Тошиќ и нудат цело богатсво да влезе во „Задруга“: На Ана Јовановиќ љубовната афера и направи кариера? (ФОТО)

На „љубовницата“ на Душко Тошиќ, Ана Јовановиќ, очигледно одеднаш и скокна популарноста откако јавноста дозна за нивната наводна врска. Токму затоа добила понуда од продукцијата на Пинк телевизија да му се приклучи на реалното шоу „Задруга 4“.

Атрактивната бринета и поранешна сопруга на пејачот Пеѓа Јовановиќ – Близанац во моментов е една од најпопуларните жени на српската естрада, а причината за тоа е што го завела оженетиот фудбалер, кој патем е сопруг на никој друг, туку на Јелена Карлеуша.

 

За неколку дена откако српски Курир ги објави ексклузивните информации дека е во врска со Душко, таа добила повеќе од 12.000 нови следбеници. Како резултат на тоа, нејзините фотографии имаат толку многу коментари, што дури и не може да постигне да ги прочита приватни пораки преку оваа социјална мрежа. Ова придонесе продукција на најгледаното реално шоу да ја контактира Ана и да и дадат одлична понуда да учествува во „Задруга 4“.

Како што вели  извор близок до Пинк телевизија, на Јовановиќ и биле понудени дури 50.000 евра за петмесечно учество во овој ТВ  формат. Тоа значи дека таа би заработувала десет илјади евра месечно, што е дури и повоќе и од целата сума за некои од учесниците. Продуцентите исто така и понудиле на Ана да постави свои услови, и таа ќе биде попривилегирана во однос на другите учесници, ќе може почесто да контактира со надворешниот свет, пред се’ со деца. Предлогот бил да влезе на почетокот на февруари и таму да се остане до крајот на реалното шоу, односно до крајот на јуни. Секако, таа би била еднаков конкурент за главната награда од 50.000 евра, а судејќи според моменталната популарност на дизајнерката, тоа е исто така многу возможно.

Сепак, како што вели соговорникот, Ана не била многу заинтересирана за оваа понуда. Иако ја почитува продукцијата и слушна што имаат да и понудат, таа им се заблагодарила и одбила да учествува. Таа не е тип што би ја споделила својата интима во реалноста, а свесна е дека тогаш во јавноста ќе стигнат разни приказни за нејзиниот брак со Пеѓа, како и за нејзината врска со Душко. Покрај тоа, Јовановиќ не може да замисли да биде одделена од нејзините деца толку долго и да не ги гледа и слуша секој ден. Како што им рече на своите пријатели, тоа ќе и биде најтешко.

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева