Мегафон
нови мерки и протоколи

На концерт само вакцинирани со две дози во полупразна сала

На концерт само вакцинирани со две дози во полупразна сала

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор во театри, кина, филхармонија и други објекти, со што максималната исполнетост на салата се зголемува на 50% проценти од капацитетот на салата наместо досегашните 30% исполнетост.

Дополнително се воведува условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.