Радио Милева
Не сака да седи во Србија

На Душко Тошиќ не му треба сопругата, ги зема ќерките и замина без Карлеуша на одмор (фото)

На Душко Тошиќ не му треба сопругата, ги зема ќерките и замина без Карлеуша на одмор (фото)
фото:душко тошиќ/инстаграм/принтскрин

Пред неколку дена Душко Тошиќ со ќерките замина на одмор во Дубаи.

Она што за многумина остана нејасно е зошто сопругата на Душко, популарната пејачка Јелена Карлеуша, не отиде со нив, што само поттикна приказни дека тие двајца веќе не се во брак, но тоа го кријат од јавноста.

Имено, откако излезе на виделина аферата на Јелена со колегата на Душко, Огњен Вранеш, на никого не му е јасно какви се односите на пејачката и фудбалерот, затоа што никој не се огласи по тој повод, а и фактот дека Карлеуша не замина на одмор со сопругот и ќерките даде одговори на неколку прашања.

фото:душко тошиќ/инстаграм/принтскрин

Од друга страна, се чини дека Тошиќ не е оптоварен со оваа тема, барем судејќи според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.

фото:душко тошиќ/инстаграм/принтскрин

Тие јасно покажуваат како ужива со своите ќерки и не се грижи многу за приказните.
Тој неодамна се врати од Кина, но веднаш се спакува и замина за Дубаи.

Останати вести од Радио Милева