Радио Милева
љубов и страст...

На Дарко-Спејко и Хрисанта љубовта им блеска како лампионите на новогодишна елка: Еден бакнеж и желби рој… во скутот! (ФОТО)

На Дарко-Спејко и Хрисанта љубовта им блеска како лампионите на новогодишна елка: Еден бакнеж и желби рој… во скутот! (ФОТО)

Две сродни души,  еден во друг „зацопани до уши“…  Дарко-Спејко и неговата веќе и не толку нова девојка Хрисанта.  Уште една најнова потврда дека кумановецот и пробиштипјанката се во серизона љубов,  доказ се најновите фотографии на двете вљубени гулапчиња.

Имено,  Спејко со Хрисанта по неодамнешниот  „влажен викенд“ во најпознатото кумановско спа и присуството на една од предновогодишните прослави или веднаш по неа, одново покажаа колку се сакаат.

Или поточно како се се љуби саканиот. Дамата прва се одважи да ја покаже својата љубов со еден бакнеж и (веројатно) желби рој, од кои првата самата си уште веднаш си ја исполни! Колку за да си ја исполни душата со љубовно задоволство!

За да не испадне дека  споедулувањето на љубовта е едносмерно, само во еден правец, Спејко истата фотографија ја сподели и на својот Инстаграм, покажувајќи го своето задоволство со блажена насмевка и емотикон на срце во моментот на чинот на бакнежот.

Арно ама, Спејко не би бил тој што е, да нема свој стил во љубовно споделување на емоциите и особено страстите. Усталена практика која одамна ја практикува уште со претходните…

А, веќе ја покажа во неколку наврати и со новата девојка… И на отворено и во затворен простор!

Впрочем, за секој успешен маж, заслужни се прегратките на згодна, убава и сексапилна жена… Особено ако таа ти е седната во скутот.

Сепак, овој пат се чини дека е малку поразлично… Страста е силна, ама по се’ изгледа дека не е само таа во прашање. Се чини дека овој пат љубовта сепак е посилна и преовладува. Барем кога е во прашање Хрисанта.

Зашто, како поинаку да се протолкува истата страсна поза, со отворена љубовна порака на русокосата убавица седната во скутот на саканиот пастув: „Си го сакам“! – отворено си ја искажала својата љубов атрактивната пробиштипјанка кон кумановскиот заводник, чија љубов барем сега – засега, цвета… Или поточно блеска, како лампионите на новогодишната елка!

Епа, нека е со среќа… И Новата година и љубовта во неа!

Фото: Инстаграм принтскрин/hrisantam

 

Останати вести од Радио Милева