Радио Милева
професионална деформација

На бугарскиот голман рацете секогаш му се на вистинското место… на топката или на Николета (ФОТО)

На бугарскиот голман рацете секогаш му се на вистинското место… на топката или на Николета (ФОТО)

Голманот на  бугарскиот прволигаш Левски и репрезентацијата, Николај Михаилов, неодамна откри детали за неговиот личен живот.

„Во Бугарија сигурно повеќе сум омразен отколку сакан“, признава Ники. Ме сакаат само навивачите на „Левски“ и тоа ми е доволно. Свесен сум дека човечката злоба е голема. Оддамна не сум платил данок на јавното мислење“ – вели Михаилов кому многумина му завидуваат во животот и заради убавицата која ја има крај себе.

Имено, негова љубовна партнерка е расната бугарска мисица и модел Николета Лозанова со која бугарскиот голман се забавува. Особено го благословуваат навивачите на „Левски“ кои потенцираат дека Ники секогаш и во секое време знае да ја стави својата рака на вистинското место… И тоа го прави често. Не само кога се одбраните меѓу стативите во прашање, туку и приватниот живот.

Без оглед дали се работи за споделување на романтика или чиста еротика, Николај правовремено, рефлексно реагира…

И кога го брани својот гол и кога го милува понежниот пол.

Професионална деформација или вродено чувство за правовремена реакција, прашајте го него… Или подобро, Николета… Таа во секој случај „цвета“… од задоволство и среќа.

Фото: Инстаграм принтскрин/niki_mihaylov13

 

Останати вести од Радио Милева