Радио Милева
тага

На 36 години почина некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ – ја изгуби битката со опасната болест

На 36 години почина некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ – ја изгуби битката со опасната болест

На 36 години почина некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Јасмин Хасиќ.

На пејачот неодамна му беше дијагностициран канцер на белите дробови и пред три недели имаше операција во Турција, но за жал ја изгуби битката со опасната болест.

Оваа вест ја потресе естрадата, но и многумина фанови кои од талентираното момче се простија со емотивни зборови.

За потсетување, по операцијата во Турција здравствената состојба на пејачот нагло се влошила поради што неговото семејство започна акција за собирање на крв.

По тој повод, пејачот и неговата сопруга се огласија на социјалните мрежи и се заблагодарија на сите кои учествуваа во хуманитарниот гест.

-На крајот остануваат само нашите дела. Се останато не е важно. Ни парите ни славата. Само она што сме и што го носиме во себе. Кога животот ќе ти покаже канџи, ти покажи борбеност. Срцето ќе се скрши милион пати за да стане цело. Само најсилните стануваат најдобри. А мене…мене срцето ми чука, толку многу луѓето те сакаат и те ценат, не можеш ни да замислиш. Ние можеме се, пред неколку дена напиша неговата сопруга Јасмина.

Инаку, Јасмин е роден во Сребреник. Во „Ѕвездите на Гранд“ учествуваше во 2013 година, а во 2014 година влезе во финалето на музичкото шоу.

фото: принтскрин/јутуб/звезде гранда/З.К Муња/Фејсбук

Останати вести од Радио Милева