Мегафон
опера

На 23-ти ноември: Премиера на драматичната опера „Паљачи“ на сцената на НОБ

На 23-ти ноември: Премиера на драматичната опера „Паљачи“ на сцената на НОБ

Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 23 ноември 2022 со почеток во 20.00 ч.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство…  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Верица Ламбевска, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети – Крлиу, Марјан  Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.

Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.