Мегафон
фестивал

На 10-ти и 11-ти септември: „Охрид фест 2021“

На 10-ти и 11-ти септември: „Охрид фест 2021“

Се е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10-ти и 11-ти септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, со фолк и интернационална вечер. Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која претставуваат мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од Балканот.

На првата, Фолк вечер ќе слушнеме 17 песни, уметничкиот директор е Цане Петров, традицонално, водителката е Каролина Петковска, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија.

Во втората, Интернационалната вечер ќе се престават 20 изведувачи: покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија. Уметничкиот директор е Горан Шарац, водителката е Маријана Станојковска, а во ревијалниот дел ќе настапи Владо Калембер. На „Охрид фест“ доследно ќе се почитуваат сите мерки за заштита од пандемијата.

Во продолжение прочитајте ги учесниците од Фолк и Интернационалната вечер на 28-то издание на „Охрид фест“:

Учесници и песни на Фолк вечерта – 10-ти септември 2021

  1. Методија Столески – “Топли солзи избриши”;
  2. Суада Каришиќ – “Лажна надеж”;
  3. Ибуш Ибраимовски – “Сто лири”;
  4. Мирко Вретоски – “Најмила моја”;
  5. Јагода Крнетиќ Јефтиќ – “Судба ли е судбино”;
  6. Кирил Белистојаноски – “Љубов за два животи”;
  7. Барбара Јаковлеска – “Колнат очи две”;
  8. Дарко Билбиловски – “Како беше да си вљубен”;
  9. Милован Секулоски – “Каде и да си”;
  10. Катерина Брезева и Соната – “Ода за љубовта”;
  11. Петар Нечовски – “Љубов вечно да не грее”;
  12. Нино Величковски – “Уште еден живот”;
  13. Благоја Грујовски и Сани – “Зошто толку чекаме”;
  14. Скопски Боеми – “Кога љуби Стружанче”;
  15. Ирена Спасовска – “Дај само дај”;
  16. Перо Христов – “На капија една мајка плаче”; и
  17. Благица Павловска – “Без тебе неможам да живеам”.

Учесници и песни, пак, на Интернационалната поп вечер што ќе се одржи на 11-ти септември 2021 се следните:

  1. Наталија Данаилова – „Вреди ли”;
  2. Дарко Капо – „Мени треба испод неба”;
  3. Марија Лукиќ – „Историја љубави”;
  4. Јована Мустур Ражнатовиќ – „Конте”;
  5. Теди Грубица – „Не верујем да постојиш“;
  6. Мелани – „А ти”;
  7. Expose – „Не се предавам”;
  8. Слободанка Танева – „Зад погледот твој”;
  9. Славен Кнезовиќ – „Море није дало”;
  10. Инес Ербус & Давид Амаро – „Кад ти дотакнем усне“;
  11. Александар Јосифовски – „Оди“;
  12. Кристина Бобан – „Гори све“;
  13. Интервали – „Како порано”;
  14. Срѓан Марјановиќ – „Нисам ти баш све рекао“;
  15. Rina Ramadani – „Nese dot vdes”;
  16. Филип Јордановски – „Принцеза”;
  17. Medea – „Волшебства”;
  18. Wolf – „Maybe Someday”;
  19. Лена – „Лажи ме” и
  20. Владо Калембер – „Љубав је тамо где си ти“.

И оваа година, како и годините наназад, музичкиот портал Музика24 кој патем е единствениот музички медиум од ваков тип во Македонија, е соработник и медиумски покровител на 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10-ти и 11-ти септември.