Љубов и Секс

Може ли да се претера со сексот? Еве што велат експертите…

Може ли да се претера со сексот? Еве што велат експертите…

Да бидеме искрени! Доколку вашиот партнер верува дека сакате премногу секс и често тоа го изговара со осуда, не грижете се – не е до вас. Само се обидува да ви ја префрли одговорноста поради различниот темперамент.

Постои ли ограничување?
Не, не постои официјална количина на секс која се препорачува за возрасна личност. Постојат некои статистики според кои „просечен“ возрасен човек има секс приближно еднаш неделно.

Можеби имате помалку или повеќе секс – во зависност од вашата желба или партнер. Запрашајте се: „Дали сум задоволен со количината на секс која ја имам во животот?“.

Причини поради кои здрава жена можеби често сака секс:
– Имате високо либидо;

– Така демонстрирате љубов кон партнерот, но и кон себе;

– Сексот ви помага да го намалите стресот;

– Се обидувате да забремените;

– Само ви е забавно.

Главниот симпром на „премногу секс“ е здодевноста. Новите пози не се охрабрувачки, а сексот го практикувате како навика. Тогаш доаѓа време да се одморите или да пробате нешто ново и поразлично.

Физиолошки симптоми кои можат да бидат сигнал дека треба малку да намалите со сексот се: чувство на трпнење, општа болка, болка при мокрење.

извор:точка.ком.мк