Мегафон
театар

МОТ започнува со „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“

МОТ започнува со „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“
Годинешниот интернационален театарски фестивал „Млад отворен театар“ МОТ  сќе биде отворен со премиера на „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“, ко-продукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат. Претставата ќе има 5 премиерни изведби од 24 до 28 ноември.
На 27 јули 2020, ден по 57-годишнината од земјотресот во Скопје, во јавноста се појави идејата дека Универзална сала ќе се руши. Оваа идеја веднаш поттикна општествена дебата.
Што е улогата на уметноста кога општеството дебатира? Да одговори на дилемата или да (си) го постави прашањето: Какво е тоа општество што нѐ доведе до оваа ситуација?
Ова е претстава за новата солидарност, која овие времиња ја бараат: за пожарот, трагедијата и за катарзата од која треба да роди нова солидарност како фениксот што се раѓа од пепелта, од пепелта на Грамши.
… ќе има и утре!
фото: Драгица Николовска