Радио Милева
таа што подискретна, тој се' поконкретен...

Мора да е љубов: Антониа Гиговска тврдеше дека решила да ја крие приватноста, а дечко и’ побрза да објави фотографија како таа „му преде“ во прегратки!

Мора да е љубов:  Антониа Гиговска тврдеше дека решила да ја крие приватноста, а дечко и’ побрза да објави фотографија како таа „му преде“ во прегратки!

Антониа Гиговска полека но сигурно станува вистинска музичка ѕвезда. Не само што  завзема место во првата македонска пејачка лига, туку ненаметливо тргна да го освојува и регионот. По одличниот фестивалски настап на „Скале 2022“, кој е продолжение на музичкиот фестивал „Сунчане скале“ и спотот за песната „Око моје“ со која на него се престви, (Ан) Тониа деновиве беше во Белград.

Таа гостуваше во едно од  најгледаните забавно-музички ток шоуа – „Ами Џи“, кај познатиот водител и пејач Огњен Амиџиќ.

Меѓу останатото Антониа заедно со останатите гости одговараша на разни прашања, а кога дојде на ред љубовта, запрашана на кој лик од естрадата како помлада се „палела“, покрај Џастин Бибер, пејачката призна дека многу и се допаѓал, никој друг туку Саша Ковачевиќ! Дали се’ уште е така и сега, кога се колеги… Антониа не се доискажа!?

Патем, кога сме веќе кај љубовта и љубовните врски,  само една седмица претходно, Антониа во ТВ магазинот „Бекстејџ“  потврди дека љубовта со нејзиното момче Иван Јованов – пејачот на „Либеро бенд“,  се’ уште трае, иако во последно време евидентно е дека се’ помалку ги има заедно во јавноста.

Гиговска тогаш рече дека последните години и премногу ја имало во јавноста со нејзините бивши љубови, а и со актуелниот „дечко“, па затоа решила отсега малку да се повлече и на приватен план да биде подискретна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Арно ама… По се’ изгледа, таа што подискретна, тој се’ поконкретен!

Имено, не поминаа ниту ден – два од кажаното, а Иван на неговиот Инстаграм профил веднаш објави заедничка фотографија со Антониа, која на своето момче „му преде“ во прегратки! Дали случајно или намерно, пејачот како да сакаше да демантира дека отсега нема да ги има заедно со неговата позната и популарна девојка во јавноста! Патем, на фотографијата со обете раце ја држи саканата за стомачето, како да сака и нешто плус да наговести…? Или и тоа е само сосема случајна поза, која буди нова доза љубопитност кај јавноста?

Но, што и да е, едно е сигурно: Тоа мора да е љубов! Како што гласи и насловот на песната која Антониа  во дует со Мирза Селимовиќ  одлично ја отпеа во шоуто на “Ами Џи“!

Фото и видео: Инстаграм принтскрин/jovanov_ivan/antoniagigovskaa/Tv Pink – AmiG Show

Останати вести од Радио Милева