Радио Милева
го засени фудбалот

Модна ревија или Светско првенство: Водителка предизвика лавина реакции со својот изглед, па им одговори на критичарите (ФОТО)

Модна ревија или Светско првенство: Водителка предизвика лавина реакции со својот изглед, па им одговори на критичарите (ФОТО)

Дебора Секо, бразилска водителка и актерка, предизвика реакции со својата облека со која се појави во етерот за Светското првенство на бразилскиот канал SporTV, а многумина тоа го нарекле „премногу предизвикувачки аутфит за ударен термин“.

„Дали е модна ревија или Светско првенство?“ – прашал еден гледач.

Други коментирале дека иако им се допаднала водителката, нејзината облека изгледала несоодветна за спортски настан кој се одржува во Катар.

„Вие сте прекрасни, без сомнение, но мораме да почитуваме и да се облекуваме правилно за спортски настан. Уште повеќе кога настанот е во Катар. Дали сте запознаени со таа култура? Сосема поинаква од она на која сте навикнати“, се некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah Secco (@dedesecco)

Водителката Секо им одговорила на критичарите преку Инстаграм: „Не ми е грижа, јас сум таа што сум“.

Водителката го следела Светското првенство на бразилскиот канал SporTV во програмата „Tá na Copa“.

Инаку, таа е позната по објавувањето модерни фотографии на својот Инстаграм, кој има повеќе од 24 милиони следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah Secco (@dedesecco)

Останати вести од Радио Милева