Вистаграм

Модна инспирација од омилените Инстаграм девојки: Деловни комбинации за есенската и зимската сезона

Модна инспирација од омилените Инстаграм девојки: Деловни комбинации за есенската и зимската сезона

И додека пролетта и есента носат најмногу можности за комбинации и значително ја олеснуваат секојдневната дилема што да облечете, зимата, како и летото, сепак малку ги отежнува нештата.

Ниските температури ја ограничуваат креативноста, бараат слоевито облекување, а со самото тоа го намалуваат елегантниот впечаток. Но, претпазливото бирање на совршениот капут и женствените, елегантни, но удобни и топли чевли, можат малку да ги олеснат работите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa)

Го дочекавме големото враќање на панталоните кои во голем број ги исполнија полиците на продавниците за облека, а се совршени за сите деловни комбинации. Моделите со широки ногавици и висок струк, тесните панталони па дури и оние пократките одлично одговараат со чизми, а ист е случајот и со фустаните и здолништата – ако изберете високи чизми и дебели хулахопки, полесно ќе се справите со студеното време и нема да го компромитирате својот стил.

Во случај на потенок капут, комбинацијата можете да ја „спасите“ со блејзер кој ќе го облечете под капутот, а плетивото иако е удобно и полежерно, може да изгледа многу стилизирано ако паметно се искомбинира.

Декември кој се ближи, дозволува дури и игра на раскошните материјали и детали. Кадифените блејзери и светкавите детали ќе го подигнат секој изглед на едно ново ниво, но внимавајте да не претерате.

Во продолжение, одбравме 10 комбинации од нашите омилени Инстаграм девојки – инспирирајте се од нивните идеи за сите есенски и зимски работни денови.

Панталони со дезен + сако

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darja Barannik (@darjabarannik)

Црни тесни панталони + ролка + краток капут

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anouk Yve (@anoukyve)

Високи чизми + долг капут

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Rivière (@ariviere)

Здолниште + краток капут

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sonia Lyson (@sonialyson)

Фармерки + бунда

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erica Choi 최유진 (@eggcanvas)

Панталони во боја + „teddy“ капут

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viky Rader (@vikyandthekid)

Фармерки + долг кариран капут

Кадифено одело

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JENNY CIPOLETTI (@jennycipoletti)

Панталони со широки ногавици + плетиво

Фустан + чизми до колена

извор: точка.мк