Вистаграм

Многумина сметаат дека таа е најубавата Италијанка: Се појавила на Санремо, па докажала дека старее со достоинство

Многумина сметаат дека таа е најубавата Италијанка: Се појавила на Санремо, па докажала дека старее со достоинство

Таа е во редот на најпознатите и најубави актери, заедно со Софија Лорен, Моника Вити и многу други.

На популарниот фестивал Санремо во Италија којшто е во тек, актерката Орнела Мути (66), се нашла во улога на водителка, па привлекла големо внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ornella Muti (@ornellamuti)

Оваа дива покажала и докажала дека старее достоинствено и ја задржала својата убавина и негуван изглед.

Орнела се појавила во гламурозен фустан во кој ја истакнала својата витка фигура и сензуално деколте.

Исто така потоа се појавила и во црн фустан и изгледала многу елегантно и грациозно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Closet Italy 💗 (@closet_italy)

Таа на големото платно дебитирала на 15 години во филмот „La moglie piu bella“ и тоа случајно. Имено, нејзината постара сестра Клаудија отишла на кастинг за главна улога, а со неа отишла и Орнела која на крајот ѝ ја „презела“ улогата.

Нејзината убавина и совршени пропорции набрзо ги забележале бројни продуценти, па од „обична“ девојка се трансформирала во вистинска филмска дива која недостатокот на искуство го надополнувала со појавата од која запирал здивот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ornella Muti (@ornellamuti)

Таа глумела во голем број италијански филмови, а повремено и во француски, а во 1980 година ја остварила првата улога на англиски јазик – улога на принцезата Аура во британскиот научно-фантастичен спектакл „Lash Gordon“, додека пак од американските филмови се истакнуваат „Love and Money“, „Oscar“, „Once Upon a Crime“.

Во Италија својата популарност ја стекнала со помош на комедијата „Romanzo popolare“, а во 1975 година соработува со низа значајни италијански режисери и актери меѓу кои Дино Риси, Марко Ферари, Франческо Нути, Адријано Селентано, Ренато Позето и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ornella Muti (@ornellamuti)

Нејзините филмови често предизвикувале измешани реакции. Детската „невиност“ и огнениот сексапил биле во комбинација која истовремено ја воодушевувале, но и ја збунувале публиката. Таа се венчала три пати, а има три деца.